Започна изградбата на урбаниот сквер меѓу Тафталиџе 2 и Нерези

Општина Карпош започнува со изградба на новиот урбан сквер - зелен парк, на потегот меѓу Тафталиџе 2 и Нерези, во близина на автобуската постојка на последна 24-ка.

 

Станува збор за инвестиција од речиси три милиони денари, средства кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги додели на општината.

 

Просторот ќе биде целосно опремен со нова урбана опрема, клупи за седење, корпи за отпадоци, штедливи лед-светилки, како и детско игралиште. Рокот за изведба на овој сквер е 30 дена, а пред пет месеци, во април, на оваа локација се одржа и јавна презентација на проектот пред засегнатите граѓани кои живеат во околината.

 

Богоев најави дека општина Карпош ќе работи и на разубавување на просторот меѓу зградите. Покрај тековното одржување на хигиената, обновата на детските игралишта, локалната самоуправа е посветена и на овозможување на повеќе содржини за рекреација на сите граѓани и зголемување на зелените површини.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.