Во училиште во Карпош се појави шуга

Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга.

 

Инфективното заболување е присутно кај едно лице - ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава.

 

Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена.

 

Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот.

 

Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година. Од општината уверуваат дека нема простор за паника, бидејќи кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување.

 

Како што информираат од општината, во изминатиот период, направена е редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.