Нов сообраќаен режим во Карпош

Поради секојдневните гужви во сообраќајот околу Сити мол Општина Карпош ќе воведе нов сообраќаен режим.

 

На улиците Волгоградска и Разловечко востание со цел да се намалат гужвите ќе се смени правецот на движење на возилата. Овие две улици се еднонасочни, но сега на Волгоградска нема да биде дозволен правец на движење од „Сити мол“ кон Карпош 4 туку обратно. Правецот на движење во обратна насока ќе се смени и на улицата Разловечко востание, информираат од Општина Карпош.

 

Како што велат отаму, голем број од посетителите во трговскиот центар ги паркираат возилата пред зградите, а граѓаните се жалат  дека немаат каде да ги паркираат нивните возила.

 

Во Карпош 4 ќе биде воведена и зона 30, односно максималната дозволена брзина за движење на возилата ќе биде 30 километри на час. На 60 локации низ населбата ќе бидат обележани и пешачки премини.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.