All for Joomla All for Webmasters

Карпош дел од кампањата „Среќна и безбедна 2019 година - петардите не се играчки“

Општина Карпош во соработка со одделението за превенција при СВР Скопје Црвен крст на Град Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Скопје  и ученици од основните училишта од Карпош беа дел од од активностите во ТЦ Сити мол во рамки на кампањата ,,Среќна и безбедна 2019 година –петардите не се играчки”.

 

Основната цел на оваа кампања е да се подигне јавната свест на граѓаните, првенствено кај малолетната популација за опасноста и последиците од употреба на петарди и други пиротехнички средства. Со денешната активност се започнува кампањата која се реализира на подрачјето на Град Скопје. За таа цел пред ТЦ Сити мол се одржа и симулациска вежба со цел да им се покаже на децата кои се последиците од употребата на петарди.

 

Според податоците на годишно ниво во светот страдаат над 180.000 лица од употреба на пиротехнички средства, па од СВР Скопје упатуваат апел до родителите да не им купуваат петарди и други пиротехнички средства на децата.

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев истакна дека целта на оваа кампања е да се подигне јавната свест кај сите граѓани, а младите на најдобар начин може да ја рашират пораката и да алармираат.

 

Во оваа кампања се приклучија  сите основни училишта во општината. Имено, учениците изработија цртежи и графити со мотиви ,,Петардите не се играчки”, по  што беа избрани и најдобрите цртежи на таа тема.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.