Италијанскиот јазик се поактуелен во училиштата во Скопје

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се сретна со амбасадорот на Италија во  Скопје, Карло Ромео.

 

На средбата се разговараше за актуелни случувања во Општина Карпош и продлабочување на соработката меѓу локалната самоуправа и амбасадата на Италија.Италијанскиот јазик, од оваа учебна година е воведен како втор странски јазик во основното образование во нашата држава и учениците веќе имаат можност да го изучуваат.

 

Градоначалникот Богоев и амбасадорот Ромео изразија подготвеност италијанскиот јазик од наредната учебна година целосно да се воведе во наставата во едно од основните училишта во Карпош, притоа да се запазат сите процедури и правила пропишани од Министерството за образование и наука.  На овој начин, учениците од шесто одделение ќе имаат можност да се запознаат со особеностите на јазикот, но и со италијанската култура и традиција.

 

Инаку, изучувањето на странските јазици воопшто е од големо значење на децата. Наставниците велат дека, децата  колку јазици знаат повеќе толку подобро. Во денешно време освен англискиот јазик кај децата се повеќе предизвикуваат внимание и други странски јазици, како италијански, германски и француски. Експертите велат дека децата колку порано ќе почнат да изучуваат странски јазик толку е подобро за нив.

 

Со години се сметало дека учењето странски јазик на деца на тригодишна возраст е бесполезно, но истражувањата го покажеле спротивното. Освен способноста да некому му го покажат патот или да си нарачаат храна во ресторан, учењето странски јазик има и неверојатни психолошки придобивки. Истражувањата покажуваат дека учењето нови јазици, го зголемува критичкото мислење, креативноста и флексибилноста во умот на децата.

 

Учениците кои учат странски јазик подобро решаваат стандардизирани јазични и математички тестови од оние кои не учат, што е  показател дека учењето странски јазик е и когнитивна, а не само лингвистичка активност. Децата кои учат јазици додека растат развиваат и емпатија за другите, како и љубопитност за различни култури и идеи и се подготвени да си го најдат местото во едно глобално општество. Во подоцнежните години се зголемуваат и можностите за кариера за оние кои владеат со повеќе јазици.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.