Градинките во Карпош добија нови еко-играчки

Нови играчки изработени од еко – материјали добија сите објекти на градинките во Карпош.

 

Старите и дотраени дидактички материјали се заменети со нови, со цел да се подобри престојот, грижата и социјализацијата на најмладите.

 

Како што информираат од општина Карпош, новите играчки, овозможуваат младите да учат преку игра и уште во детските установи да се подготват за основното образование.

 

Градоначалникот на Општина Карпош, честитајќи им ги Новогодишните и Божиќните празници на најмладите и на воспитниот кадар во градинките, посочи дека локалната самоуправа продолжува со секојдневното унапредување на детската заштита.

 

Општина Карпош имаше прилично успешна година на полето на детската заштита. Се отвори и новиот објект на градинката „Мајски цвет", во Тафталиџе 1, а во финална фаза е и отворањето на целосно новата градинка во Бардовци.

 

Од општина Карпош информираат дека примарната цел е да се создаде квалитетно и сеопфатно предучилишно образование кое ќе ги подготви најмладите за следниот чекор – основното образование.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.