Општина Карпош воведува нови мерки за зголемена хигиена во општината

Општина Карпош воведува нови мерки за зголемување на јавната хигиена во сите урбани заедници.

 

Како што информираат од општината, од овој викенд, комуналните служби на општина Карпош ќе работат и во текот на викендот, со цел да се зголеми тековното оддржување на јавната хигиена.

 

Саботата ќе биде работен ден за хигиеничарите, а во недела се воведуваат дежурни служби. Имајќи го предвид фактот дека хигиената и заштитата на животната средина е еден од најгорливите проблеми на граѓаните, во претстојниот период, освен работа за време на викенд, општината дополнително ќе постави и нови корпи за отпадоци низ населбите.

 

Исто така, во соработка со Град Скопје, ќе бидат поставени и нови подземни контејнери кои ќе овозможат правилно управување со отпадот. За оваа мерка, Советот на Општина Карпош одвoи два милиони денари, се вели во соопштението.

 

Од општината ги потсетуваат сите граѓани дека е активна и телефонската линија 070 – 236 – 000 за пријавување на електричен и електронски отпад.

 

Од општина Карпош исто така потсетуваат дека освен овие нови мерки, Секторот за животна средина и енергетска ефикасност работи на воспоставување на систем за собирање на кабастиот отпад, за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани за локациите на собирните пунктови во нивните населби.

 

Локалната самоуправа апелира до сите граѓани и правни лица, посебно градежните компании, да водат повеќе грижа за заштитата на животната средина. Во спротивно, сите субејкти кои придонесуваат за загадувањето на околината ќе бидат санкционирани, соопштуваат од Општина Карпош.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.