Општина Карпош го чисти собирниот канал во Нерези

Комуналните служби на Општина Карпош го чистеа собирниот канал за атмосферски води во Нерези, со цел да се превенира евентуално надоаѓање на поголеми води од врнежи од дожд или од топење на снегот.

 

Станува збор за канал кој при поголеми врнежи предизвикува сериозни проблеми  долж улицата „Јуриј Гагарин“ и  во населбата Козле.

 

Општина Карпош апелира до сите граѓани да не фрлаат отпад во овие канали, со што ги затнуваат и се отежнува протокот на атмосферската вода.

 

Како што информираат од Карпош, локалната самоуправа продолжува со секојдневното одржување на јавната хигиена на територија на Карпош.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.