Анкета: Повеќе од половината жители на Карпош задоволни од локалната самоуправа

Обнова на детското игралиште во Козле, новиот сквер меѓу Тафталиџе и Нерези, како и новите корпи за отпад во Карпош 1 и Карпош 3, се активностите на Општина Карпош за кои над 60 проценти од жителите на оваа општина се изјасниле позитивно на анкетата што ја спровела агенцијата Рејтинг.

 

На репрезентативен примерок од 1.000 граѓани, постари од 18 години, жители на општината, повеќе од 55 проценти од граѓаните се изјасниле дека имаат доверба во локалната самоуправа, а, пак, повеќе од половина од жителите се задоволни од досега сработеното од страна на општината и градоначалникот Стефан Богоев.

 

Жителите биле анкетирани за повеќе области од надлежност на локалната самоуправа, при што 54 отсто од граѓаните се изјасниле дека се задоволни од управувањето со основните училишта, 59 проценти од одржувањето на улиците и инфраструктурата и 55 отсто се задоволни од развивање на културата и грижата за зеленилото во општината. Високи 77 проценти од граѓаните се задоволни од комуникацијата на општината преку e-mail, односно преку социјалните мрежи.

 

Анкетата го мери и задоволството на граѓаните од реализираните проекти во изминатата година. Анкетата има за цел да ги одреди приоритетите на граѓаните во однос на проектите и активностите на локалната самоуправа.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.