Расчистена дива депонија со гуми за греење во Карпош

Комуналните служби на Општина Карпош денеска исчистија нова дива депонија на територија на Карпош, во областа Горно Нерези. Запленето е поголемо количество на гуми и е спречено истите да завршат во некое од домаќинствата како огревен материјал, информираат од Општина Карпош.

 

Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми. Ваквиот начин на загревање е еден од главните загадувачи на воздухот, иако се идентификувани и други несоодветни отпадни суровини кои алтернативно се користат за затоплување во индивидуалното домување.

 

Од општината информираат дека инспекторите се  постојано на терен во контрола и обид за спречување на употребата на ваквите штетни емитери на опасни честички во воздухот. 

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.