Нови два пункта за електричен и електронски отпад

Општина Карпош, во соработка со колективниот постапувач „Елколект“, продолжува со унапредување на начините за правилно управување со електричниот и електронскиот отпад.

 

Како што соопштија од Општина Карпош, отворени се два нови собирни пункта, со цел правилно да се одложува овој вид отпад и да се заштити животната средина.

 

Првата локација е во кругот на центарот за селекција на отпад и претоварна станица на Комунална хигиена Скопје, која се наоѓа веднаш позади бензинската пумпа на „Макпетрол“ на  булеварот „Илинден“ во Карпош 3.

 

Втората локација е кај просториите на урбаната заедница Влае 2, веднаш до спортските терени кај мостот  „Обединети Нации“ во населбата Влае.

 

Од општината велат дека Локалната самоуправа ги интензивира активностите и мерките за заштита на околината и за намалување на загадувањето од сите аспекти.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.