Акција за чистење на отпадот во студенскиот дом „Гоце Делчев”

Во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев”,  ЈП „Комунална хигиена – Скопје” денеска започна акција за расчистување на големото количество градежен отпад од градежните зафати кои се одвиваа  во домот.

 

Како што информираше директорот на Државниот студентски центар Дарио Николовски, пред 2 дена блоковите В и Г се преземени од страна на центарот и во согласност со изведувачот на објектот за 10 дена треба да се исчисти, а раководството и студентите треба многу повеќе да се грижат за хигиената.

 

Помошник директорот на ЈП „Комунална хигиена - Скопје“, Ејтула Амети напомена дека овие активности имаат цел да ја подигнат и јавната свест кај сите граѓани, а акциите за чистење на црните точки ќе продолжат, како и пролетните акции во соработка со општините.

 

Кон акцијата за чистење на дворот на студентскиот дом се приклучија и комуналните служби на Општина Карпош, а градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев во рече дека се засилени инспекциските контроли на терен, бидејќи секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина, а секое непочитување ќе биде казнето со парична казна од 50 до 2000 евра.

 

Градоначалникот Богоев исто така посочи дека во текот на пролетта ќе се започне со акција за хортиклутурно уредување на надворешниот простор на  студентскиот дом „Гоце Делчев“ и ќе бидат доделени нови садници за раззеленување на овој потег.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.