Нови правила за паркирање во Сити Мол

ТЦ Скопје Сити Мол деновиве воведува нови правила за паркирање. Наместо досегашниот еден час бесплатен паркинг, сега само првите триесет минути се бесплатни, а првите четири часа ќе ве чинат 40 денари. По истекување на првите четири часа, потоа секој час се наплаќа по 40 денари.

 

Паркингот како и до сега е бесплатен за лицата со инвалидност, со приложување на инвалидската книшка при влез и излез од Трговскиот Центар на лицата од обезбедување.

 

И покрај евтиниот паркинг за разлика од другите паркинзи низ Скопје, сепак голем број од посетителите во трговскиот центар ги паркираат возилата пред зградите околу Сити мол, граѓаните се жалат  дека немаат каде да ги паркираат нивните возила, а секојдневно се создава и метеж во овој дел.

 

 Поради секојдневните гужви во сообраќајот околу Сити мол Општина Карпош воведе нов сообраќаен режим. Пред извесен период на потегот околу Карпоп 4 почна да функционира новото сообраќајно решение, со кое ќе се овозможи намалување на сообраќајниот метеж и ќе се воспостави поголема безбедност, со цел побезбедно движење на граѓанитеи нивна заштита од сообраќајниот метеж околу Сити Мол и во овој дел на Карпош 4.

 

Станува збор за новопоставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

 

На улиците Волгоградска и Разловечко востание со цел да се намалат гужвите им се смени правецот на движење на возилата. Овие две улици се еднонасочни, но сега на Волгоградска не е дозволен правец на движење од „Сити мол“ кон Карпош 4 туку обратно. Правецот на движење во обратна насока се смени и на улицата Разловечко востание.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.