Заврши субвенционирањето при купување нови велосипеди во Карпош

Заврши третата по ред акција за субвенционирање при купување нови велосипеди, која ја спроведе Општина Карпош.

 

Акцијата заврши со исцрпување на паричните средства, кои локалната самоуправа ги обезбеди за оваа намена.  

 

Инаку Општина Карпош од 01.02.2019 почна со спроведување на акцијата „Карпош на точак“, со која се субвенционира 30% од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ, најмногу до 3.000 денари.  Право на субвенционирање во оваа акција имаше секој полнолетен жител на Општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед започнувајќи од 01.02.2019  година (петок). 

 

Во Град Скопје пак повикот не е временски ограничен, туку ќе трае се додека не се исцрпат средствата предвидени за субвенции при купување нови велосипеди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.