Општина Карпош стартуваше со „Мој Карпош-Моја картичка“
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 05 Март 2019
Општина Карпош денеска ја промовираше картичката „Мој Карпош- моја картичка“ која што на жителите на Карпош им дава можност да користат попусти при користење на услугите во повеќе од 250 фирми, угостителски објекти, ординации, книжарници и компании што работат на територијата на локалната самоуправа.
Градоначалникот на општината, Стефан Богоев рече дека примарната цел на картичката не е да ја загрози конкуренцијата туку да направи задоволни бизниси кои имаат поголема фреквенција и добивка, како и граѓани кои купуваат по пониски цени во одредени периоди од денот.
За картичката можат да аплицираат сите жители на Карпош над 13 години, и тоа или директно во општината, или преку веб платформата www.mojkarpos.mk.
Картичката „Мој Карпош“ е проект што постојано ќе се унапредува и ќе се развива.
Во следниот период, сите приклучени форми ќе бидат и соодветно брендирани, со што граѓаните ќе знаат кој субјект е дел од „Мој Карпош“, велат од општина Каропш.
.be
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс