Еко-Камп во Карпош на Денот на пролетта

Потребно е секојдневно да работиме на здрава и чиста животна средина. Ова е вистинскиот пристап, од рани години да се работи на повисока јавна свест, правилно управување со отпад, негова селекција и искористување. Ова денеска го истакна градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев на одбележувањето на Денот на екологијата – 21 Март.

 

Општина Карпош го одбележа Денот на екологијата со завршен настан од проектот „Еко – Камп за млади претприемачи“, што се одржа во ООУ „Петар Поп Арсов“. Вкупно 54 деветоодделенци од сите десет основни училишта, во изминатиот период учествуваа во работилници на тема „Заштита на животната средина“. Овие работилници овозможија полесно совладување на материјата по предметот Претрпиемништво и иновации, кој е дел од наставната програма за деветто одделение. Основците работеа во групи и изработуваа производ од еко – материјали.

 

Богоев потсети дека по изборот на „Пакомак“, Карпош е рангирана меѓу најдобрите три еколошки општини во Македонија.

 

Овие работилници се спроведоа во соработка со Институтот за претприемништво и лидерски развој при Американ Колеџ – Скопје, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, Пакомак, Агенцијата за поддршка на претприемништвo и ПСУ Американска гимназија Скопје.

 

Претседателката на научниот совет при УАКС – Институт за претприемништво и лидерски развој Македонка Димитрова информира за текот на проектот, интересот на младите луѓе и за идејата за еко- кампот.

 

– Идејата за еко-кампот произлезе од секојдневието, проблемот со загадувањето и потребата секој индивидуално, преку сопствен пример, да се заложи за почиста околина. Младите за време на работилниците покажаа голема свест за совесно одложување на отпадот што многу ме радува и ми дава надеж за нашата иднина, рече Димитрова.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.