Голема еко акција в сабота во Карпош

Голема еко акција ќе се одржи задутре во 10 часот во Општина Карпош, најави денеска градоначалникот Стефан Богоев.

 

Тој ги повика сите граѓани, невладини организации, граѓански здруженија, приватни и општествено одговорни компании и институции што се наоѓаат на територија на Општина Карпош да се приклучат на акцијата.

 

Градоначалникот Богоев додаде дека по завршување на саботната акција општината ќе излезе со јавен повик до сите општествено одговорни компании, граѓани, претпријатијата на Град Скопје и другите државни  институции со повик за целосна нивна поддршка во механизација и човечка сила да се вклучат во одреден датум, што подоцна ќе биде истакнат, за чистење на целиот дел по долж на реката Вардар каде што пред неколку дена избувна пожар. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.