All for Joomla All for Webmasters

Спроведена еко-акција на територијата на Општина Карпош

На територијата на Општина Карпош денеска успешно беше реализирана еко – акција во која учествуваа градоначалникот, општинската администрација, советниците, повеќе јавни претпријатија, приватни фирми, еколошки друштва и граѓани.
 
Се чистеше околу платото на „Млечен", но и долж Кејот на Вардар, Т.Ц „Лептокарија", платото во Порта Влае, долж булеварот „Партизански одреди" и Козле.

Градоначалникот Стефан Богоев посочи дека денеска се мијат и поголем дел од сервисните улици низ Општината, како „Бледски договор", „Љубљанска" и „Париска".

 

– Оваа еко – акција за чистење на општината започна вчера, кога најмладите ги уредуваа училишните дворови. Продолжуваме денеска, со еко – офанзива во која се приклучија повеќе од 20 општествено одговорни субјекти, општинската администрација, граѓаните, граѓанските организации. Тековно и секојдневно се грижиме за јавната хигиена, но целта на овие акции е да се подигне јавната свест кај сите чинители. Не ни треба повод и меѓународен ден за да се вклучиме во акција, секој носи одговорност, Карпош нека дише, рече Богоев.

 

Кон акцијата се приклучи и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, кој чистеше во урбаната заедница „Владо Тасевски" и напомена дека Министерството ќе продолжи да ги поддржува овие акции.

 

Општина Карпош изминативе денови ја започна и пролетната акција за засадување на нови садници, а денеска хортикултурно се уредува и делот околу Порта Влае.

 

Од општината им изразија  благодарност на сите граѓани и субјекти кои денеска се приклучија кон акцијата, ЈП Паркови и зеленило, ЈП Комунална хигиена – Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Лајонс Дистрикт 132 Македонија, Е-марк Македонија, Енекод, Центар за социјални иновации БЛИНК 42 – 21, Acibadem Sistina, Лабораторија Аvicena, групата DNK, Друштво за управување со отпад НУЛА ОТПАД, здружението Екоскоп, Црвен крст – Карпош, Зоолошка градина – Скопје, приватна детска градинка Колорес, Пакомак, Sunilens, Црвен крст – Карпош, Здружение на граѓани – АКЦИЈАШИ и ПроКредит банка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.