Општина Карпош со низа мерки во пресрет на „Андреа"

Тревата во општина Карпош нема да се коси до заминување на најавената бура „Андреа" која се очекува да го зафати и скопскиот регион, соопштија од општината.

 

Од Карпош апелираат, а со цел да се спречат поголеми материјални штети, граѓаните, колку што е можно повеќе да избегнуваат паркирање на своите возила под дрвореди.

-Општина Карпош во изминатиот период ги чистеше каналите за наводнување во Бардовци и Нерези. Исто така, се чистеа и дел од сливниците, внатрешно по населбите, а се поставија и одводни решетки на улиците „Ловќенска" и „Козле 3". Ова е, исто така, една од превентивните мерки кои локалната самоуправа благовремено ги презеде, се наведува во соопштението на општината.

 

Комуналните служби на Карпош ќе бидат постојано мобилни и подготвени за да интервенираат на покритичните места, со соодветна опрема и механизација, а во случај на поголеми проблеми, доколку настанат материјални штети и слично, граѓаните ќе можат да пријавуваат на отворената телефонска линија 193.

Дополнително, Општина Карпош упати мерки кои треба да ги преземат и основните училишта и градинките на наша територија, со цел да се спречат поголеми штети на објектите. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.