Хуманитарна акција „Подај рака-донирај за својот сосед"

 Хуманитарна акција за семејства во потешка материјална состојба организира општина Карпош од денеска до 20 мај.

 

Акцијата, како што информираат од Општината, се состои во прибирање донации во прехранбени и хигиенски производи што, потоа, ќе им бидат доделени на семејствата што се во социјален ризик.

 

Од Општината ги повикуваат сите граѓани на Карпош, кои се во можност, да се придружат на оваа хуманитарна акција и да покажат што поголема солидарност со своите соседи.

 

Донираните производи треба да се однесат во просториите на 14-те урбани и месни заедници низ општината, во период од 07:30 до 15:30 часот, секој ден до понеделник.

 

Во акцијата подеднакво се вклучува и општинската администрација, се наведува во соопштението

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.