Брендирање на бизнисите кои се дел Мој Карпош-Моја Картичка

Започна брендирањето на сите бизниси кои се приклучија кон проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“.

 

Општина Карпош изработи  налепници за сите локали кои одлучија да понудат попусти и бенефиции за граѓаните, со цел, жителите да бидат информирани каде можат да купуваат по пониски цени.

 

Како што информираат од општината, кон проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“ се приклучија повеќе од 200 бизниси кои работат на територија на Карпош, а картичка добија повеќе од 2 илјади граѓани.

 

За оваа картичка, граѓаните можат да се регистрираат на www.mojkarpos.mk или во просториите на урбаните заедници.

 

Од општината додаваат дека примарната цел на картичката е да ја раздвижи економијата на локално ниво. Бизнисите да понудат попусти, во периодите или деновите кога имаат помала потрошувачка, а граѓаните да купуваат или да добиваат услуги по пониски цени.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.