Министерот Спасовски во посета на ПС Карпош и на средба со градоначалникот Богоев

Безбедносната состојба на подрачјето на општина Карпош е добра и видливи се резултатите на полициското работење, а во наредниот период предвидуваме и низа активности за натамошно подобрување на резултатите, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на Полициската станица Карпош и локалната самоуправа, како и седницата на Локалниот совет за превенција на која присуствуваа заедно со градоначалникот Стефан Богоев.

 

Во првата половина на 2019 година, информира тој, имаме намалување на прекршоците од областа на јавниот ред и мир, а има подобрување и во други области од полициското работење, за што голем придонес има и обновената соработка меѓу граѓаните и полицијата.

 

 

– Во оваа полициска станица веќе почнавме со позорникарите во неколку реони и како ќе се зголемува бројноста на полициските службеници ќе се зголемува и покриеноста на реоните. Локалниот совет за превенција активно работи на заеднички проекти со СВР Скопје и очекувам дека и во иднина сите заедно ќе работиме и ќе придонесеме за подобрување на безбедноста, изјави Спасовски.

 

 

Постојаната и квалитетна соработка меѓу локалните власти и полицијата, според него, е еден од оние основни предуслови, не само за партнерско делување во врска со низа заеднички интереси, туку и за постигнување ефективни резултатити во личната безбедност и сигурноста на граѓаните, во одржувањето на јавниот ред и мир, во заштитата на материјалните добра.

 

 

Од суштинска важност, истакна Спасовски, е функционирањето на Локалните совети за превенција, тела кои што се замислени да бидат двигатели на превентивното делување, а преку навремена и квалитетна детекција на проблемите и приоритетите во рамки на локалната заедница, и носење соодветни решенија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.