Нов детски парк во Криви Дол во општина Карпош

Во финална фаза на изградба е детското игралиште во населеното место Криви Дол во Општина Карпош. Поставени се дел од детските реквизити, како и клупи и корпи за отпадоци, соопшти денеска Општина Карпош.

 

Дополнително, ќе се постави и осветлување во овој дел од населбата, а овој потег ќе се уреди и хортикултурно. Се предвидува поставување нови дрвца и садници, со цел да се добие мини парк за рекреација и одмор на сите посетители.

 

– Во ова место долги години не се инвестираше и делуваше отсечено од урбаното јадро. Во Криви Дол целосно ќе се реконструира и новата улица – Новопроектирана улица 4а, која претставува главен пристап до домовите на голем број граѓани. Во изминатиот период се направија нови детски игралишта во повеќе населби, а тековно се одржуваат и санираат постоечките вакви зони, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.