Здрава исхрана во градинките во Карпош

Денеска, на Светскиот ден на храната, уште две градинки во Карпош овозможуваат здрава и квалитетна исхрана.

 

 

Градинката „Пролет“ во Карпош целосно го менува менито за исхрана на најмладите, воведувајќи здрави намирници, повеќе свежо овошје и зеленчук, ладно цедено масло, интегрален леб и семиња во дневните оброци на дечињата.

 

Овој процес на измени во исхраната е во тек и во градинката „Распеана младост“.

 

Оваа година, Светскиот ден на храната дава посебен акцент на потребата од обезбедување на здрава и одржлива исхрана, физички и ценовно достапна за секого.

 

Веќе е воведено здраво мени во градинките „Мајски цвет“ и „Орце Николов“,а денеска , токму  по повод Светскиот ден на храната, во  ЈОУДГ „Орце Николов“-Карпош3, м-р Фани Гулевска на дечињата им одржа предавање на тема : „Здрави животни навики“, при што заедно се договорија дека во иднина треба да пијат повеќе вода, свежо цедени сокчиња, да јадат повеќе овошје и зеленчук.

 

Локалната самоуправа продолжува да работи на унапредување на здравата исхрана во сите воспитно – образовни установи на територија на Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.