Карпошани преку анкета ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето

Градоначалникот Стефан Богоев рече дека Општина Карпош е во финална подготовка на анкета со која граѓаните ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето.

 

Првин ќе бидат опфатени урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, а анкетирањето ќе се спроведе теренски, по домаќинства.

 

Тој рече дека до Општината пристигнале поголем број петиции од граѓани со цел да се регулира паркирањето.

 

„Локалната самоуправа соработува со ЈП 'Градски паркинг' со цел да се понуди решение со кое за резидентите паркирањето би останало бесплатно за едно, две и три возила. Со регулацијата на паркирањето ќе се исцртатат дозволените места за паркирање, ќе се ослободат голем дел од тротоарите и зелените површини и ќе се создадат полесни механизми за санкционирање на непрописно паркираните возила. Доколку постои интерес и од другите урбани заедници, Општината ќе продолжи со спроведување на анкетата“, рече Богоев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.