ДУП-от ЗА Трнодол повторно на јавна презентација во првата половина на 2020

Предлог ДУП-от Ј03 Блок 7, за потегот околу Трнодол и дел од Козле ќе биде ставен на повторна Јавна презентација и Јавна анкета во првата половина на 2020 година, информираат од Општина Карпош.

 

Во јавноста кружат неосновани обвиненија дека ДУП-от за Трнодол и дел од Козле, ќе биде донесен на следната седница на Советот на Општина Карпош, што е апсолутно неточно, потенцираат оттаму.

 

Целиот процес ќе продолжи да се одвива отворено како и до сега, а на барање на жителите, Јавната презентација ќе се одржи во подобри просторни услови. На тој начин,  се надеваме дека ќе ги мотивираме нашите сограѓани да дојдат и да се информираат за новиот Предлог – ДУП.

 

Повторно, истакнуваме дека овој Предлог - ДУП не предвидува никакви нови населби или уништување на зеленилото. Целосно е заштитен зелениот појас и истиот ќе добие намена Д2 односно заштитно зеленило. Намалена е катноста  на објектите, а спорната Јужна обиколница со новиот ГУП ќе биде целосно избришана. Во овој ДУП истата се предвидува единствено од технички аспект, заради законски нужното усогласување со посточекиот ГУП, се вели во соопштението од општината.

 

Со новиот Предлог - ДУП се воведуваат и дополнителни мерки за максимална безбедност на теренот. Имено, Предлог ДУП-от предвидува задолжителни геомеханички испитувања на теренот, заштита на земјиштето со потпорни ѕидови и шипови пред почеток на било каква градба. Само за илустрација, веќе постоечкиот ДУП кој сега е на важност, воопшто не ги содржи овие дополнителни мерки кои би се однесувале за објектите под Трнодол (позади „Макпетрол“).

 

Новата Јавна анкета повторно ќе трае и по завршување на работното време на граѓаните, за да се овозможи поголема видливост на ДУП-от и да ги процесираме нивните забелешки преку анкетните листови.

 

Во меѓувреме, на веб страната е достапен графички и текстуален дел од овој ДУП, каде што сите страни можат да се уверат во горепосоченото.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.