Жителите на Трнодол повторно го повикаа Богоев на јавна дебата

Листата на барања кои не се исполнети од Општина Карпош е многу долга и спремни сме да ја изложиме на било која национална телевизија, особено во дебатна емисија со градоначалникот, Стефан Богоев, се разбира доколку тој има храброст да се соочи со аргументите, порачаа преку соопштение жителите на Трнодол.

 

Тие велат дека остануваат на сите нивни барања доставени до Општината, комисиите за урбанизам и до Градот Скопје.

 

„Бараме било кој предлог ДУП на Општина Карпош да се носи во постапка со почитување на Уставот, законите, правилниците и сите други меѓународни документи кои се ратификувани во нашата држава и со кои се гарантираат основните човекови права и слободи. Повторување на лаги и дезинформации на градоначалникот во изјави дадени од неговиот бункер без храброст да се соочи со вистината на јавна презентација, е реакција на немоќ и немање аргументи базирани на закон“, велат жителите.

 

Додаваат дека согласно член 2 став 2 од Законот за ПУП, ДУП-от кој е предложен и изгласан од советниците на Општината, Општината мора да спроведе во целост инаку се предвидени казнени мерки, лични и институционални.

 

„Значи ветувањата во стилот не верувај во тоа што гледаш туку во тоа што ти ветувам не поминуваат кај слободоумните граѓани на Трнодол. Тоа ние во повеќе наврати јасно го предочивме, а тврдењата дека сме изманипулирани дури од две политички партии е во контекст на претходното сценарио за самоодбрана на градоначалникот. За да поверуваме во ветувањата на градоначалникот треба истите да биде преточено во сосема нов

 

ДУП каде нашите несогласувања ќе бидат корегирани согласно законските нормативи за УПП и Заштита на животната средина, од причина што предложениот ДУП е донесен во противправна и противуставна постапка“ се наведува во сооштението.

 

Тие повторија дека не се согласуваат со решението во новиот предлог ДУП за поделба на населбата на два дела и спојување на еден дел од населбата кон Шпанско село, а друг дел од населбата (дел од ул.Јан Хус и над Јан Хус) кон населба Жданец, со решението во новиот предлог ДУП за затворање на влезот и излезот на населбата Трнодол кон улица „Козле“ и проектирање на нов влез и излез, со решението за вцртување на новопроектирана сообраќајница - како сервисна улица низ населба „Трнодол“ како и со предвидените градежни парцели за колективно домување под брдото на објекти од 18, 16 и 13 метри висина, помеѓу бензинската на Макпетрол, Германска амбасада и самото брдо.

 

Жителите не се согласуват и со тоа што пред изработка на новиот предлог ДУП не е направена хидролошка студија за водотеците при проектирање на решенија за долот и каналот помеѓу Трнодол и Шпанско село кој во дел претставува претставува заштитна поројница и при несоодветни решенија може да дојде до поплавување и поткопување на брдото и дел од населбата Козле.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.