„Лежечки полицајци“ пред ОУ„Христијан Тодоровски – Карпош“

Поставени се два нови, „лежечки полицајци“ на улицата „Орце Николов“, пред основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“, во урбаната заедница Карпош 1, информираат од општината.

 

Станува збор за еден обичен и еден интелигентен „лежечки полицаец“, кои имаат за цел да ја забават брзината на движење на моторните возила и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 

Во изминатиот период, ваков тип на сигнализација беше поставен пред повеќе основни училишта во Карпош„Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Братство“, „Димо Хаџи Димов“ и „Вера Циривири Трена“.

 

Исто така, новите решенија кај „Млечен“ и во Карпош 4 со кои се регулира сообраќајниот режим на движење, имаат за цел да ја зголемат безбедноста на пешаците и да го намалат сообраќајниот метеж.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.