Мобилни тимови за поддршка на ранливите групи граѓани во Карпош

Мобилните тимови на Општина Карпош и Црвениот крст, изминатиов период посетија повеќе од 50 домаќинства и им обезбедија соодветна услуга (набавка на храна, лекови и хигиенски средства), како резултат на состојбата со Covid – 19 (коронавирус), информираат од општината.

 

Се помага на најранливите групи, стари и изнемоштени лица, семејства со лице со попреченост, хронично болни и граѓани во изолација.

 

Примарната цел е овие граѓани да не излегуваат од своите домови, со цел да немаат контакт со други луѓе и да се спречи ширење на коронавирусот.

 

Преку ѕвонење на броевите 02/3068-806 и 071-349-230, граѓаните кои се дел од ранливата група можат да се регистрираат и да ја добијат соодветната услуга. Оваа услуга е бесплатна, а граѓаните единствено вршат наплата на продуктите кои сакаат да им се набават.

 

За овој проект, Општина Карпош одвои 50 илјади денари од својот Буџет, со цел да се обезбедат трошоците за волонтери и нивен превоз.

 

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирус.

 

Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.