Општина Карпош организира хуманитарна помош за 30 најранливи домаќинства

Општина Карпош организира хуманитарна акција за 30 најранливи домаќинства. Како резултат на кризната ситуација со „Ковид-19“, локалната самоуправа ќе обезбеди прехранбени продукти и средства за хигиена за најпогодените.

Оваа активност ќе се спроведе во соработка со Црвениот крст, чии волонтери ќе ги подготват социјалните пакети, кои ќе бидат набавени со буџетски средства на Општината.

Во видео обраќање, градоначалникот Стефан Богоев говореше за потребата од хуманост и солидарност во овие моменти.

„Помагавме за време на природни непогоди на нашите соседни земји, помагаме за лекување на наши сограѓани, а сега треба да се справиме со еден од најсериозните вируси во поновата историја. COVID – 19 го погоди целото општество! Но, коронавирусот не обедини сите, во општествена акција, секој да преземе мерки и активности“, рече Богоев.

Карпош традиционално организираше хуманитарна акција пред велигденските празници. Но, како резултат на пандемијата со коронавирус и избегнување на директен контакт меѓу граѓаните, при донирање на продукти, оваа година акцијата ќе се реализира на посочениот начин.

Акцентот ќе биде ставен на социјално – најзагрозените граѓани, кои впрочем се погодени и од коронавирусот.

Општината ги повикува сите граѓани, да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирус и да ги почитуваат препораките од надлежните институции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.