Четврта дезинфекција на зградите во Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 14 Април 2020
Комуналните служби на Општина Карпош започнаа со четврта дезинфекција на влезовите од зградите, во кои живеат повеќе од осум домаќинства.
Се дезинфицираат влезните врати и делови од зградите, сандачињата, гелендерот и лифтовите со посебно средства за дезинфекција на јавни површини.
„Оваа активност на локалната самоуправа претставува дополнителна поддршка за заедниците на сопственици, куќни совети, во ек на пандемијатата на коронавирусот. Исто така, ги повикуваме сите куќни совети да продолжат и со тековното чистење и дезинфекција на влезовите“, соопштија од Општина Карпош.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс