Почна уписот на првачиња во општина Карпош

Почна уписот на ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 во основните училишта во општина Карпош.

Од Општината соопштија дека во сите образовни установи се почитува донесениот протокол за запишување на првачиња, како резултат на пандемијата од Ковид-19.

Задолжително е носењето  заштитни маски, дезинфекција на влезот на училиштето, чистење и дезинфекција по спроведување на секој разговор, како и одржување постојана физичка дистанца.

Во училиштата каде што постојат услови и надворешни училници, разговорот се спроведува на отворено.

„Ги повикуваме сите родители да ги почитуваат мерките при упис на нивното дете во прво одделение. Сите сме одговорни за јавното здравје“, велат од Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.