Се уредува дворот на училиштето „Х.Т. Карпош“ во Карпош 1

Стартуваа активностите за целосно уредување на дворот на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“, во населбата Карпош 1, информираат од Општина Карпош.

 

Раззеленети и соодветно уредени ќе бидат 1.000 м2 површина од училишниот двор, а активностите треба да завршат до март 2021 година.

 

Проектот го подготвија учениците и родителите, а ќе се реализира со финансиска поддршка од Општина Карпош и Министерството за животна средина и просторно планирање. Имено, локалната самоуправа додели 277.890 денари, а ресорното министерство 200 илјади денари.

 

Во таа насока, комуналните служби деновиве работат на поставување на системот за наводнување. Предвидено е задниот дел од дворот да биде хортикултурно уреден и облагороден со  украсни растенија, и специфична стаклена градина.

 

Проектот за уредување на дворот носи наслов „Училиштето е место за поттик на младите, за позитивни промени и унапредување на животната средина“. Основната цел е, при уредувањето да бидат вклучени и најмладите, за да стекнат одговорност кон она што го создаваат. Новоуредениот простор ќе се користи и за едукативни цели и предавања по различни предмети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.