Стипендии за успешните ученици во Карпош

Општина Карпош ги објави јавните огласи за доделување на стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти, кои учат во VIII и IX одделение во десетте општински основни училишта.

Стипендиите се во износ од 2.500 и 3.000 денари, во зависност од бројот на освоени бодови, а се доделуваат за седум месеци од учебната година.

Рокот за аплицирање на двата јавни огласи е заклучно со 20.11.2020 година (петок).

„Основната цел на локалната самоуправа е да ги мотивира младите луѓе да остваруваат уште подобри резултати и во тековната учебна година. Оваа година, наставата се одвива во навистина спефицични услови како резултат на ситуацијата со пандемијата со Ковид – 19. Сепак, учениците можат и преку комбинираната настава да ги покажуваат своите знаења, а нивниот труд да биде вреднуван“, велат од општината.

Сите документи се доставуваат до Архивата на Општина Карпош (барака 2) или по пошта на ул. „Радика“ бр.9 – Скопје, со назнака „За доделување стипендии за талентирани ученици/спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош за 2020/2021 година“.

Условите и потребните документи можат да се видат на следниве линкови:

• Линк до Огласот за доделување на стипендии за талентирани ученици: https://bit.ly/3lc5zcZ

• Линк до Огласот за доделување на стипендии за талентирани спортисти: https://bit.ly/2U81Npg





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.