Почна реконструкцијата на главниот конак на Свети Пантелејмон во Горно Нерези

Општина Карпош започна со реставраторските и конзерваторски работи на главниот конак во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон во Горно Нерези.

„Станува збор за обнова на столаријата и внатрешно уредување на главниот конак. Имено, се реконструира подот, тоалетите, се заменуваат прозорите, а се поставува и нов систем за противпожарна заштита и електрична инсталација. На овој начин го враќаме автентичниот изглед на главниот конак, кој со години делуваше запуштено и неуредено“, изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

За оваа инвестиција, локалната самоуправа аплицираше и доби средства во износ од 6 милиони денари од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Свети Пантелејмон датира од XII век и е еден од белезите на Карпош, но и на Градот Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.