Буџетскиот онлајн прашалник на Општина Карпош го пополниле 806 граѓани

Буџетскиот онлајн прашалник на Општина Карпош оваа година го пополнија 806 граѓани од сите урбани заедници.

„Сите проблеми, забелешки и идеи кои беа посочени од граѓаните се дистрибуирани до соодветните одделенија и сектори при општината. Во процесот на креирање на буџетските програми, секоја од забелелешките ќе биде разгледана и согласно можностите и надлежноста ќе се интегрира во новиот Буџет на локалната самоуправа за 2021 година“, велат од Општина Карпош.

Од таму велат дека доминираат предлози на три теми: инфраструктура, екологија и урбанизам. Најактивни со пополнување на анкетниот прашалник биле граѓаните од Тафталиџе, Карпош 4, Карпош 1 и Карпош 2.

Во споредба со минатата година постои забележителен раст на вклучени граѓани, такашто, ланскиот анкетен прашалник го пополниле 504 граѓани.

Трета година по ред Општина Карпош ја користи оваа алатка за мапирање на интересот на граѓаните, приоретизација на буџетските средства и зголемување на партиципативноста (учеството) при буџетирањето.

Исто така, во тек е и изработка на теренска анкета, на репрезентативен примерок од најмалку 1.000 граѓани, која исто така ќе помогне во подготовката на новиот буџет.

„Службите на Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев на дневна основа реализираат и консултативни средби со претставници на граѓанските организации и меѓународни донатори, со цел да се создаде посеопфатен и пореален буџетски документ“, се наведуваво соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.