Доделени стипендии за најдобрите основци во Карпош

Вкупно 25 ученици од основните училишта во Карпош, од осмо и деветто одделение ќе добиваат стипендии, затоа што ги исполнуваат условите од Јавниот повик кој го распиша општината.

Денеска, на спортско – рекреативниот центар во ООУ „Лазо Трповски“ се доделија решенијата на учениците, кои ќе добиваат по 2.500 и 3.000 денари. Стипендиите ги добиваат талентирани ученици, со постигнати успеси во знаење и стекнати сертификати од релевантни натпревари, како и ученици – успешни спортисти. Истите, имаат за цел да ги мотивираат најмладите да бидат уште поуспешни во основното образование.

 Градоначалникот Стефан Богоев ги поздрави учениците и им честиташе за постигнатиот успех.

 

Тој со учениците разговараше и за начинот на кој се спроведува онлајн наставата и крајот на првото полугодие од учебната година. Учениците посочија дека не било лесно да се прилагодат, имале потешкотии, но успешно се справиле со најголем дел од проблемите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.