Во тек е повикот за субвенционирање на поправки на лифтови и кровови во Oпштина Карпош

Општина Карпош ги потсетува граѓаните, заедниците на сопственици и управители на згради дека во тек е јавниот повик за субвенционирање на поправки на лифтови и кровни површини.

Повикот беше распишан на крајот на 2020 година, но жителите на Карпош сè  уште имаат можност да аплицираат, сè до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена: Финансиската поддршка за санација на лифтови е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 200.000 денари од вкупниот износ на вредноста на санацијата на лифтот; Субвенционирањето за обнова на кровни површини е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 150.000 денари од вкупниот износ на вредноста на обновата на кровниот покривач.

Засегнатите граѓани можат подетално да се информираат за условите на следниот линк: https://bit.ly/38BqkLC.

Апликација за јавниот повик: https://bit.ly/3sbzVAt .





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.