Хибридни колектори за вода и струја во „Мајски цвет“ во Карпош

Во тек е поставувањето на првите хибридни колектори на јавен објект во надлежност на локалната самоуправа, информираат од Општина Карпош.

 

Општина Карпош ги поставува овие модули на кровната површина на градинката „Мајски цвет“ (објект „Јасмин“), во населбата Тафталиџе 2.

 

Овие колектори, преку искористувањето на сончевата енергија ќе произведуваат 300 литри санитарна топла вода, која ќе се користи за потребите на кујната на детската установа.

 

Колекторите заменуваат четири електрични бојлери од 80 литри. Исто така, тие ќе произведуваат 3,2 киловати струја за градинката, а вишокот на електрична енергија, преку двосмерно броило, ќе се предава на мрежата на ЕВН.

 

Инвестицијата е во вредност од 296.000 денари, а дел од опремата е донација од компанијата „Солар и Квазар“.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.