Објавен конкурс за негуватели за стари лица во Карпош

Општина Карпош објави јавен конкурс за избор на негуватели за помош и нега на стари лица и граѓани со попреченост. Станува збор за проектот на Општина Карпош и Црвен крст на Град Скопје, кој се однесува на помош и поддршка на изнемоштени лица во нивните домови.

Проектот е финансиран од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.

Негувателите на дневно ниво ќе работат со старите лица и лицата со попреченост. Тие ќе им бидат психосоцијална поддршка, ќе им набавуваат потребни намирници и ќе вршат други неопходни работи.

Предност за вработување се дава на лицата кои живеат во општина Карпош, лица кои ја изгубиле работата во текот на пандемијата, се невработени или се лица од ранлива категорија  граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.