Се распрскува сол на потешко пристапните улици во Жданец, Трнодол, Козле и Бардовци

Зимската служба на Општина Карпош распрскува сол низ коловозот на целата своја територија, за да го олесни сообраќајот и движењето на граѓаните, информираат од општината.

 

Се работи на потешко пристапните улици во населбите Жданец, Трнодол, Козле (долж улицата „Ловќенска“) и Бардовци. Исто така, соодветната механизација е активна и во централните населби на Карпош, во т.н урбано јадро.

 

Дежурните комунални служби денеска ќе работат на расчистување на снегот пред пофреквентните зони (градинки, основни училишта, маркети, аптеки и сл.), додаваат оттаму.

 

Локалната самоуправа апелира до сите граѓани да користат зимска опрема на своите возила, да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.