Без вода поликлиника Букурешт

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе биде дел од општина Карпош.
 

Без струја дел од општина Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, извести дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Карпош.
 
Пред само 3 месеци беше поништен регулацискиот план за овој дел од Влае, а општинската администрација повторно се обидува да го помине овој план пред јавноста, со минимални измени, велат од Левицата.
 

Без струја дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат корисниците на дел од улицата Дамаска во општина Карпош во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
 

Дел од општина Карпош денеска без струја

„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат корисници во општина Карпош.
 

Без вода дел од општина Карпош

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради промена на затвроачи од ф 125 мм и од 100 мм на улицата Осло бр. 15 а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Осло, улицата Будимпештанска, улицата Душко Бојковски, улицата Бањалучка, улицата Љубица Георгиева, улицата Урош Џудович и дел од улицата Женевска од 9 до завршување на интервенцијата (општина Карпош).
 

Без вода дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улична цевка ф 100мм на ул Роберт Кох бб прекинато водоснабдување ке имаат корисниците од ул Роберт Кох, ул Драгиша Милошевич, ул Трифун Пановски и дел од ул Карпошово Востание, од 09:00 до завршување на интервенцијата(општина Карпош).
 

Латино џез вечер на Карпошово културно лето

Во звукот на латино џез ритамот, карпошани вчеравечер се забавуваа на вториот ден од Карпошово културно лето-2023. Со интерпретациите на традиционалната кубанска салса музика, бразилска самба и латино џез музика, добро познатиот Тумбао салса бенд на свој сопствен начин ја поврза македонската народна музика.
 
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска изврши увид во отпочнување на градежни активности за изградба на затворен пливачки базен, кој се гради веднаш до салата „Наум Наумовски-Борче“ или попозната како „Партизан“ во Општина Карпош.
 

Без струја, денеска, улицата Козле во општина Карпош

Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, Регионалниот центар за управување со кризи Скопје известува дека, денеска, без електрична енергија, ќе останат жителите на дел од улицата Козле.
 
Општина Карпош информира дека и годинава во основните училишта во општина Карпош ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение.
 
Пожар избувна на улицата Скупи покрај Вардар.
 
Пожар изби на дивата депонија близу Вардар и облаци црн чад ја прекрија населбата Карпош. Пожарникарите се на терен и очекуваат за кратко огнот да биде изгаснат.
 
„Денес, истече рокот за потпишување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Карпош на 5.7.2023. Одлуките не беа изработени од страна на службите на Општината, со што повторно се прави обид за исклучување на Советот од работата на Општината. Со овој чин вештачки се држи во живот ДУП-от нарачан и нацртан за потребите на Фатмир Адеми и неговата фирма ЗСФ“, рече Бранко Ристов, претседател на Советот на Општина Карпош.
 
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски извести дека ги повлекол сите точки од дневниот ред на вчерашната седница на Советот, за да избегне ново сценарио, слично, како што вели, на она со шамарите во општина Центар.
 
Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, негира рушење игралиште и фонтана во Карпош откако дел од жителите на општината преку писмо порачаа дека се планира игралиштето, фонтаната и зеленилото покрај булеварот Теодосиј Гологанов да се претворат во згради со точка од ДУП.
 
Пцости, викање и туркање пред почетокот на седницата на Општина Карпош во зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент.
 

Без вода делови на Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека на ден 09.06.2023 година ( петок ) поради уличен дефект од ф – 2 цола на ул. Скупи б.б – резиденција на г-н Стефан во населба Кале, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Скупи, како објектот на Рибокомерц и останатите стопански и нестопански објекти во негога близина. ( општина Карпош )
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.