Хуманитарен велигденски базар на лица со оштетен вид во Киселa Вода

Хуманитарен базар

Во пресрет на Велигден во црквата Св. Петка во Кисела Вода се одржа хуманитарен базар во организација на Здружението на слепи лица Скопје и Општина Кисела Вода на кој рачните изработки на домаќинките експресно беа разпродадени.

 

По 4-ти пат годинава се одржа хуманитарен велигденски базар во организација на Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје, а за прв пат годинава поддржан од Општина Кисела Вода. На базарот беа изложени за продажба велигденски погачи и јајца, колачи, пити изработени од рацете на домаќинките членови на здружението. Овогодинешниот базар се одржа во дворот на црквата Св. Петка, а од општина Кисела Вода истакнаа дека оваа манифестација ќе ја поддржуваат и во иднина, а за трите најдобри изработки од Општина Кисела Вода е обезбедена парична награда.


Средствата собрани од продажбата на рачните изработки ќе бидат наменети за членовите на Здружението на слепи и лица со оштетен вид кои се социјално загрозени. Овој базар од хуманитарен карактер досега се одржувал и во соработка со општините Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба, а целта на манифестацијата е да се претстават лицата со оштетен вид дека и тие можат да приготвуваат разновидна храна.


Душанка Кентаровска е една од членките на Здружението која секоја година со разни производи кои таа самата ги прави учествува на базарот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.