Општина Кисела Вода почна со чистење на одводните канали

Чистење на одводните канали

Општина Кисела Вода почна со акција за чистење на одводните канали на територијата на општината. Ангажираните работници од утринава работат на расчистување на Мала Рада.

 

Од наталожената тиња и од отпадот фрлан од несовесните граѓани се чисти простор од мостот на Партизански Пат па се до пречистителната станица во Студеничани.


Во текот на акцијата ќе биде опфатено и чистење на Црниот канал од улицата Малешевска до спојот со каналот на Мала Рада во Потстаница, наведуваат од општината.


Акциите за чистење на одводните канали се дел од редовните активности на општина Кисела Вода и се одвиваат во летниот и почетокот на есенскиот период, а по потреба и почесто.


Општината уште еднаш апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота. Фрлањето на отпад во одводните канали, прави штета, пред се’, на жителите на Општината и на нивното секојдневно живеење. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.