Акција за собирање кабаст отпад во Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 10 Мај 2018
Сезонските работници од општина Кисела Вода денеска се ангажирани во акцијата за собирање кабаст отпад што се спроведува во урбаните заедници Цветан Димов и Бирарија. Граѓаните од овие две урбани заедници кабастиот отпад треба да го изложат пред своите домови и колективните згради на пошироките улици.
Потребно е отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата и местото да биде пристапно за возилата на општина Кисела Вода. Габаритниот отпад утре ќе се собира од урбаните заедници Кисела Вода и Расадник. За останатите месни и урбани заедници кои ќе бидат опфатени во наредните седмици. Сезонските работници вчера ги подигнуваа старите и непотребни предмети со погабаритна големина од жителите на Пржино и Црниче.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс