Утре ќе се одржи крводарителска акција во Општина Кисела Вода

Крводарителска акција

Утре во период од 11 до 15 часот во Општина Кисела Вода ќе се спроведе крводарителна акција под мотото ,,Вашата крв спасува живот,,. Од општината упатуваат апел до сите жители на општината да дојдат во големата сала и со својата крв да спасат нечиј живот.

 

Под мотот ,,Вашата крв спасува живот,, утре во големата сала на Општина Кисела Вода ќе се одржи крводарителска акција. Крводарителската акција е во организација на Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје. Акцијата ќе се спроведува во период од 11 часот до 15 часот. Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани хумани луѓе да се вклучат во оваа акција, да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Во неа ќе учествуваат и претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.