По реакцијата на Прва Скопска, се обновуваат фонтаните во Кисела Вода

Се обновуваат фонтаните во Кисела Вода

За состојбата во која се наоѓаат фонтаните и парковите во општина Кисела Вода пишувавме неодамна, а за да ја потврдиме состојбата, на барање на жител на општината, а наш редовен гледач, излеговме и на терен, при што се уверивме во поплаките на граѓаните, дека фонтаните се искршени или расипани, и веќе подолг период се во неупотреблива состојба. Десетина дена по реакцијата на Прва Скопска, фонтаните се поправени и пуштени во употреба.

 

Искршена урбана опрема, откорнати детски реквизити, нефункционални фонтани, и расипани чешми за вода, беше сликата за парковите во општина Кисела вода. За состојбата во која се наоѓаат фонтаните и парковите во општина Кисела Вода пишувавме неодамна, а за да ја потврдиме состојбата, на барање на жител на општината, а наш редовен гледач, излеговме и на терен, при што се уверивме во поплаките на граѓаните. Откако граѓаните се пожалија на потполно занемарување на нивните потреби од страна на локалната власт, Прва Скопска побара одговор од општинската администрација, од каде потврдија дека постои проблем со одржувањето на урбаната опрема и детските реквизити, но уверуваа дека наскоро ќе бидат санирани оштетувањата.


И десетина дена откако го поттикнавме градоначалникот Филип Темелковски, да ја подобри сликата за парковите, денеска забележавме значително подобра ситуација. На местото на паднатата и искршена чешма во паркот Пушкин, сега има нова чешма, но од неа се уште не тече вода, а реконструирани се и чешмите во паркот Шопен, како и на уште неколку локации.

 

Од општината информираат дека фирмата која била избрана за најповолна на тендерот веќе завршила со санација на неколку фонтани, а на останатите се работи и тие ќе бидат пуштени во текот на неделата.Покрај фонтаните, од таму информираат дека паралелно се работи и на санација на реквизитите во детските игралишта.


Со цел долготрајно уживање во местата наменети за рекреација од општината апелираат на совесно однесување од страна на граѓаните и чување на урбаната опрема и детските реквизити.


А Прва Скопска и понатаму преку непристрасно информирање ќе ги поттикнува локалните власти за потребата од одржување на општините во добра состојба.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.