Сензорна соба за деца со посебни потреби во ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ,, во Кисела Вода

Сензорна соба во Кисела Вода

Една училиница во ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ,, во Кисела Вода е опремена и е наменета за сензорна соба за децата со развојни нарушувања и аутизам вклучени во редовната настава во ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ,,.

 

Во основно училиште ,,Кирил Пејчиновиќ,, во Кисела Вода пуштена е во употреба целосно опремена сензорна соба за дечиња со посебни образовни потреби.


Од Општина Кисела Вода соопштија дека Ротари клуб Скопје - Св. Кирил и Методиј во соработка со Ротари клуб Скопје - Вест и АРС Ламина целосно опреми училница - сензорна соба наменета за децата со развојни нарушувања и аутизам вклучени во редовната настава во ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ,,. Претходно во училиштето претставници од Лајонс клаб интернешнл доставија донација од дидактички материјал, разни реквизити и играчки, кои ќе бидат од корист за учениците со пречки во развојот и аутизам.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.