Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода во Кисела Вода

Небезбедна вода во Кисела Вода

Општина Кисела Вода соопшти дека на каптираните извори со небезбедна вода за пиење на нејзина територија во Општината поставени се осум табли со предупредување. 


-  Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, неисправност на водата за пиење е утврдена на следните постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општината: Селската чешма во селото Драчево, изворот на Стакларница, во близина на Св. Теодор, на кривината во Бабин Дол, јавната чешма под црквата Св. Ѓорѓија, и кај црквата Св. Елена и Константин, под црквата Св. Ѓорѓија, три чешми, Горномаалската чешма во селото Драчево, како и каптираниот извор кај црквата Св. Руса во Пеленица, село Драчево, соопштија од Општина Кисела Вода. 


Информираат дека на изворот кај кривината Св. Петка, Црниче, УВ ламбата е заменета со нова, додека на изворот кај Св. Ѓорѓија, е поставена станица за хлорирање, испитана е и пуштена во употреба.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.