Кисела Вода и Црвен крст со проект за помош на граѓаните од високите температури
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 11 Јули 2018
Возило на Црвен крст ќе патролира низ најфреквентните улици во општина Кисела Вода во деновите кога температурата на воздухот ќе биде над 35 степени, а на граѓаните ќе им се делат и шишиња со пиење.
Активностите се дел од проектот „Топлотен бран“ што општина Кисела Вода го спроведува во соработката со Општинската организација на Црвениот крст.
Совети и информации за превенција од евентуални несакани последици по здравјето поради високите температури, граѓаните може да добијат на телефонските броеви 02/3211-417 и 071/289-203, секој работен ден во периодот од 11 до 16 часот.
- Се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање, а истиот е содржан во Програмата за 2018 год. на Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, заедно со општинската организација на Црвен Крст на Кисела Вода, информираат од општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс